Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Љубовни совети за врска со Риби

21 јуни, 00:04

 

 

 

 

 

 

Како да ги освоите, што сè сакаат Рибите и како одлично да се забавувате заедно, ќе дознаете од нашите љубовни совети за Риби.

Допирајте им ги стапалата
Според она што хороскопот го кажува за Рибите, тие се знаци кои уживаат кога некој им ги допира стапалата, и воопшто уживаат во масажите. Секако, ова не мора да е правило, сигурно има Риби кои не сакаат да ги скокоткаат по стапалата, но никогаш не се знае. Затоа, доколку вашиот партнер во хороскоп е Риба, приредете му една добра масажа на стапалата и проверете дали ѕвездите добро ги процениле Рибите!

Ласкајте им
Рибите во принцип се по малку несигурни во себе, затоа ласкајте им одвреме-навреме и дадете им до знаење дека она што го прават е одлично. Тоа ќе им ја подигне самодовербата, ќе се чувствуваат убаво, а тоа позитивно ќе се одрази на врската.

Нежни состаноци
Нежните, долги и бавни интимни моменти се она што Рибите го сакаат. Уживаат во долги предигри, сакаат нежност и навистина сакаат да почувствуваат дека сте поврзани. Едноставно не смеете да бидете груби со нив.

Креативни души
Она што ги одликува како личности е нивната голема креативност која ја внесуваат и во љубовта и врската. Обратете внимание на креативноста, поддржете ги и обидете се и самите понекогаш да покажете креативност.

Покорете ги
Рибите сакаат да бидат покорни, затоа доминирајте во врската, но внимавајте да не претерате. Тоа што сакаат покорност не значи дека треба постојано да сте доминантни. Овие чудесни личности сакаат разновидност, па повремено предадете им ја улогата на доминација и за промена вие станете покорни.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5060 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус