Мистерии

Мистериозни шифрирани пораки

08 мај, 07:14

И покрај постојаниот напредок на човештвото и современите техники на истражување, некои шифрирани пораки и ден денес остануваат мистерија.

Необични дискови со хиероглифи, шифрирани писма, кодови и загатки, се дел од секојдневната работа на криптолозите, историчарите и ловците на богатства.

Можеби некои пораки се наменети засекогаш да останат тајна, бидејќи и покрај напорите на некои од најдобрите криптолози во светот, нивните кодови сè уште не се пробиени.

Дел од тие неоткриени пораки се четирите натписи познати како Криптос, кои претставуваат мистерија дури и за ЦИА.

Криптос, необичната скулптура дизајнирана од уметникот Џин Санборн, е поставена пред седиштето на ЦИА во Вирџинија.

Скулптурата содржи четири натписи, од кои три веќе се дешифрирани, но четвртиот можеби засекогаш ќе остане мистерија.

768 знаци беа дешифрирани во 1999, откривајќи ги трите натписи, од кои првиот е лирски, вториот е со нејасно потекло, а третиот натпис е земен од историјата.

Останатите знаци кои го сочинуваат четвртиот натпис сè уште не се дешифрирани. Криптолозите досега успале да откријат само еден збор од овој натпис – Берлин.

Самото име Криптос значи скриено, па можеби никогаш нема да се разреши мистеријата на Криптос и пораката која ja раскажуваат натписите, а која започнува вака: „Меѓу суптилната сенка и отсуството на светлина, лежи нијанса на илузија".

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3135 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус