Моите рецепти - Здравје на мени

Спанаќ со интегрален ориз и семки од тиква и сончоглед

24 мај, 00:27

 

 

 

 

 

 

Потребен материјал:
500 гр. спанаќ
100 гр. интегрален ориз
100 гр. семки од сончоглед и тиква
3 супени лажици маслиново масло
1кафена лажичка био зачин
1кафена лажичка црвен пипер
½  кафена лажичка црн бибер
¼ кафена лажичка куркума
500 - 700 мл. вода

Подготовка:

Од спанаќот ги земаме само листовите, ги миеме под млаз студена вода и ги оставаме настрана. Во еден подлабок сад ги ставаме маслиновото масло, биозачинот, црвениот пипер, црниот бибер и куркумата и ги загреваме на средна температура и го додаваме измиениот интегрален ориз (кој пред тоа сме го измиле во вода кратко - интегралниот ориз се мие на тој начин што во сад се потопува во вода и со лесни кратки движења на дланката во насока на стрелката на часовникот се оди 2 - 3 пати, а потоа водата се истура). Промешуваме и го затвораме садот оставајќи го 1 - 2 мин. да се спои со зачините. Додаваме 300 мл. вода и на средна температура го оставаме да се вари. Кога водата ќе биде испиена, односно оризот е половина варен, се ставаат семките и спанаќот над него, се промешува и со затворен капак се остава 5 мин. Потоа се додава вода и се вари сосема кратко околу 15 мин. онолку колку да се спои сè, и соковите и вкусовите, а потоа се исклучува и со затворен капак се остава на ринглата за оризот сам да набабри.

Ова е оброк со многу лесен начин на подготовка, се прави за кратко време, а она што ќе ви го подари е многу вредно.

Комбинацијата на: 

зеленчукот СПАНАЌ:

- растителен извор на железо
- не содржи масти
- ниско калоричен
- содржи фитонутриенти, каротеноиди: бета каротен, лутеин и зеаксантин (заслужни за антиоксидативната заштита на клеточната структура)
- содржи 13 различни фитонутриенти флавоноиди кои се силни антиоксиданси
- витамини: К, А, Ц
- манган, магнезиум, калциум, калиум, фосфор, цинк...
- фолна киселина
- влакна
                                     
житарка ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ:

- манган
- селен
- магнезиум (добар извор на минерал кој ги одржува мускулите и нервите)
- триптофан (го регулира сонот)
- влакна (го одржува системот за варење и ја регулира телесната тежина)
- селен (антиоксиданс кој ги заштитува клетките од соединенија кои можат да допринесат за создавање на рак)
- витамин Б
                                           
семки ТИКВА И СОНЧОГЛЕД:

- содржат манган, магнезиум, фосфор, триптофан,бакар
- витамин Е, К, Б1
- пантотенска киселина и фолна киселина
- го подобруваат здравјето на срцето, го превенираат артритисот, заболувањето на зглобовите и остеопорозата
                                         
зачин КУРКУМА содржи:

- манган, железо
- прехрамбени влакна
- витамин Б6
- калиум
- концентриран извор на фитонутриент куркумин кој има силни противвоспалителни дејства и го заштитува црниот дроб, ги заштитува зглобовите, срцето и дава силна антиоксидативна заштита.

КОМБИНАЦИЈА ВРЕДНА ЗА ПОЧИТ.

spanakj-so-integralen-oriz-i-semki-od-tikva-i-soncogled, spanakj, integralen oriz, semki od tikva, soncogled, спанаќ со интегрален ориз и семки од тиква и сончоглед, спанаќ, интегрален ориз, семки од тиква, сончиглед  spanakj-so-integralen-oriz-i-semki-od-tikva-i-soncogled, spanakj, integralen oriz, semki od tikva, soncogled, спанаќ со интегрален ориз и семки од тиква и сончоглед, спанаќ, интегрален ориз, семки од тиква, сончиглед


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 8092 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус