Направи сам
Од стара маичка до ново фустанче
Сте се запрашале ли некогаш што да правите со старите широки маички кои веќе подолго време не ги носите а не сакате да ги фрлите? Ви се допаѓа дезенот и материјалот и поради тоа сакате со нив нешто да направите а не знаете што.
На вистинското место сте бидејќи имаме одличен предлог за вас.
Секоја стара или пак нова маичка можете да ја претворите во летно фустанче. Како? Погледнете и прочитајте во продолжение и самите станете моден креатор.
Потребни ви се маичка и ножици.
На фотографијата се прикажани сите чекори кои треба да ги направите за да добиете фустанче.
Прво облечете ја маичката и обележете го местото каде маичката треба да се исечи (помеѓу градите и папокот) и исто ако ракавите се премногу долги и широки и нив можете да ги исечите, со што ќе добиете фустанче со прерамки.
Потоа слечете ја маичката, сечете ја на обележаните места и на горниот дел (слика под број 3) со ножиците направете не многу голем отвор.
На долниот дел од маичката на средината исечете линија со должина од 10 см. како што е прикажано на сликата под број 4.
Повторно облечете ја маичката која сега е во два дела и исечените делови од долниот дел протнете ги во отворот во горниот дел и убаво врзете ги.
За само неколку минути вашето фустанче ќе биде готово.
Ова лето изгледајте уникатно и несекојдневно во вашата интересна креација.
Додади коментар