Занимливост, Откритија

НАСА штотуку откри вода на Марс?

12 февруари, 15:20

Најновите фотографии кои ги испратија сателитите кои се движат околу Марс со голема веројатност може да укажуваат на постоење на вода во течна состојба.

Според научниците на НАСА, на фотографиите има темни ознаки кои укажуваат на вода која се движи и паѓа по падините на Црвената Планета.

 

 

Податоците од фотографиите се поклопуваат со сезонските промени на Марс, па голема е веројатноста водата токму сега да тече низ Црвената Планета – велат научниците.

Пред околу 18 месеци Кјуриосити го пронајде првиот доказ дека на Марс некогаш имало вода, но сè до денес не се ни претпоставуваше дека таа вода сè уште тече на Марс.

Иако фотографиите се доста убедливи, научниците не можат да ја потврдат својата претпоставка без дополнителни испитувања. Тие не ја исклучуваат можноста темните маркери да укажуваат на нешто друго, иако сè речиси убедени дека укажуваат токму на вода во течна состојба.

Според НАСА  фотографиите и резултатите од нивната анализа се досега најубедливите докази дека на Марс има вода.

Ако е така, следно на што научниците ќе треба да работат е испитувањето дали таа вода е пивка за човекот?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1968 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус