Новитети

Електричен скејтбоард – новата светска атракција

12 февруари, 00:01

Во наше време имавме дрвен скејтбоард или т.н. лагерка, и ако звучи смешно, тоа беше најдобрата играчка која можевме да ја имаме. Замислете си само колкав напор треба да вложите за да ги покренете лагерите. Секако, кога беше куќно производство.  

 

 

 

Денес, младите генерации имаат многу опции за забава, една од нив пристигнува за неколку месеци, тоа е одличниот електричен скејтбоард на едно тркало. 

Elektricen skejtboard

Иако изгледа чудно со тркалото в средина многу е забавен и веќе посакувам да си купам еден ваков. Лесен е за возење, а прави и да се чувствуваш како да лебдиш на волшебен ќилим. Нели е така? Погледнете го видеото во продлжение и ќе се уверите:

Држете рамнотежа и навреме одберете во која насока ќе одите, а останатото сам ќе го направи. За да тргнете мора да ги ставите двете стапала на него, а за да запрете доволно е само да ја поткренете предната нога. 

Elektricen skejtboard

Народе што да ви кажам, колку и да е лошо по здравјето ептен ми прави ќејф. 

Чудово вози со 20 км на час, тежи околу 11 килограми, димензиите му се 76х23х29 (см), со стандарден полнач се полни за 2 часа, а со брз полнач за само 20 минути. Со едно полнење можете да возите 6-9 км, зависно од теренот. 

Електричниот скејтбоард ќе почне да се продава од септември оваа година, и тоа по цена од 1. 299 долари до 1.699 долари. Со оглед дека ќе се произведува во Америка за нивниот стандард се разбира цената е доста поволна, но за наши услови исто како да сте купиле кола од 1998-ма година, па затоа само малкумина ќе можат да го дозволат ова мало и скапо чудаче. Ако и вие сте дел од нив дознајте повеќе на следниот линк:

https://www.kickstarter.com/projects/4422853/onewheel-the-self-balancing-electric-skateboard.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3970 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус