Животен стил, Кујна, Рецепти

Новогодишен куглоф

31 декември, 00:03

Овој интересен десерт изобилува со богатство на вкусови и претставува вистинско уживање за љубителите на слатките нешта.

Состојки:
400 гр. брашно
1/3 маргарин
1 шолја шеќер 
1 лажиче сода
половина пакетче цимет 

Сите состојки се месат со млако млеко. Треба да добиете многу меко тесто, во кое потоа со рака или лажица ќе ги измешате состојките за фил.

Фил:
Рендано јаболко, толчени ореви, сечкани урми (смокви), сок и кора од портокал.

Добиената смеса се става во калап за куглоф убаво намачкан со маргарин и се остава да отстои 10 минути. Се пече на околу 180 до 200 ° Ц околу 45 минути. Температурата на печење треба да биде умерена, па ако рерната добро ви загрева, печете го на 180° Ц.

Уживајте во новогодишниот десерт!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4804 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус