Новости

Посебна почит за Робин Вилијамс на Еми наградите

21 август, 11:48

Били Кристал, долгогодишниот пријател и соработник на Робин Вилијамс, ќе му оддаде посебна почит на починатиот актер на претстојните Еми награди.

„Додека сè уште се помируваме со трагичната вест, работиме на тоа како да создадеме соодветно и значајно сеќавање на Робин, кој навистина го заслужи тоа. Сите добро знаеме што значеше Робин за светот и комедијата. Треба да најдеме начин достојно да му оддадеме почит и да создадеме емотивен момент на сеќавање во негова чест” – изјави продуцентот на престижните Еми награди.

Били Кристал ќе биде човекот кој во рамките на традиционалниот „in memoriam” дел од Еми наградите ќе нè потсети на големината на Робин Вилијамс, човекот кој внесе радост и смеа во многу домови ширум светот.

На минатогодишните Еми награди, токму Робин Вилијамс оддаваше ваква почит за неговиот ментор и пријател Џонатан Винтерс.

Во меѓувреме, светот засекогаш се збогува со човекот со топли очи и пријатна насмевка.
Телото на легендарниот актер беше кремирано, а пепелта распрскана во заливот Сан Франциско, во океанот кој Вилијамс толку многу го сакаше и покрај кој живееше изминатите 50 години.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2449 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус