од мој агол

16-ти октомври по 2007 година

16 октомври, 00:02

После чистото небо на кое блескаа илјадници ѕвезди, надвиснаа тешки и темни облаци. Црни се, а плачат, тешки се, а не се истураат. Ветерот како да не ги забележа и продолжи да се вее од еден на друг крај. Топол глас се разнесуваше низ него. Помина цела недела, а облаците ништо не ги растеруваше, со секој миг сè потешки и потешки стануваа. По 11 дневно бдеење, овие камења се истурија врз нашето лице! Паметам, беше вторник, кога солза оловна се пролеа по мојот образ. И каменот почна да плаче, и душата да се стега, и улиците писнаа од болка кога ја слушнаа веста. Веста за смртта која нè „изгоре”.

Срцето трепери и во гради со сета сила удира не сакајќи да ја прифати твојата смрт, твоето заминувење. Tревките в земја гниеја. Си замина, си замина за секогаш! Ветерот сега како расплакана сирена лута низ планините барајќи го гласот со кој носеше радост. Земјата како пустина се стега, да не пушти крик. Камбаната жално бие разнесувајќи ја жалната вест, а свеќата како лава се топи, како солзи врели мајчини над твојот гроб гори. 

Тешко е! Како душата да преболи, кога ни илјадници молитви, ни илјадници свеќи нема да те вратат. И сега цел живот да молам, нема да те вратам. После тебе светот се промени. Деновите не сакаат да запрат, им се лутам и ги карам, но бесцелно е. Не сакав, но помина и година цела без насмевка врела. Во ноќите тивко во темнината плачев слушајќи ги твоите песни, а солзите солени ги распламнуваа моите рани. Во секој есеј за тебе пишував, на секој фестивал на тебе помислував. Но тебе те немаше. Ги слушав твоите необјавени песни, ги гледав твоите слики, сликите од твојот дом, се доближив и до твоите предмети во твојата куќа, но не дојде. Сите ти пееја и плачеа по тебе, ни тогаш не се врати. Сфатив, нема да се вратиш! Што ми остана, освен да ја поттиснам тагата и да го славам твојот живот, твоето дело. Помагаше, знаеше да сакаш, знаеше да бидеш искрен. За мене ти беше човек кој го познавав.

И сега цврсто ќе ги стегнам своите сили, ќе чекорам напред, не кон парите и славата, туку кон среќата. Не сакам животот кратко да трае, не сакам да знам дека те нема, од денес ти си во моето срце, како што и тогаш ти реков: „Моето срце доволно чука за и двајцата да живееме тука”. Знам, ќе ме гледаат мене, но немој да се плашиш, ќе бидам добра и паметна за никогаш да не си заминеш. Додека спиеш, јас тивко ќе ти пеам: „Ти си син и брат, ти си песна и тага. Нè сакаше сите, а и ние те сакаме сите. Во мир и спокој да ти минуваат дните, за нас ти секогаш ќе живееш во песните”.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3022 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус