Откритија

Бутна коска пронајдена на Марс?!

22 август, 12:33

Роверот Кјуриосити сними слика од бутна коска на површината на Марс.

Фотографијата наиде на интерес кај оние кои сакаат да веруваат дека Црвената Планета некогаш одамна била дом на вонземјани, но НАСА не покажа голем интерес за фотографијата.

Иако предметот многу наликува на коска од некогаш живо суштество, научниците се речиси уверени дека не станува збор за коска, па она што за љубителите на мистерии е доказ за вонземен живот, за научниците најверојатно е камен со необична форма.

Кога минатата година на Марс беше забележан чуден предмет со метален сјај, реакцијата на НАСА беше следна: „На Марс, исто како и на Земјата, предметите понекогаш имаат чуден изглед како резултат на ветрот, ерозијата и другите надворешни влијанија”.

Во очекување на официјалниот став на НАСА, останува да верувате во што сакате!

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3440 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус