Откритија

Кој се крие зад портретот на Рембрант?

28 јануари, 14:01

Ремек делото на Рембрант, „Стар човек во воена униформа”, насликано пред 380 години, сè уште крие тајна која научниците со години се обидуваат да ја откријат.

Имено, на сликата која се наоѓа во Музејот J. Paul Getty во Лос Анџелес, има траги на едвај видлив скриен портрет, зад портретот на стариот човек.

Научниците повеќе пати се обидоа да го откријат лицето на скриениот портрет, користејќи инфрацрвени зраци и други методи, но Рембрант користел бои со ист состав и за позадината и за финалната верзија, па досегашните методи се покажаа како неуспешни.

Научниците сега се обидуваат да ја решат мистеријата на ремек делото со нови, напредни техники со Х – зраци кои ќе продрат меѓу слоевите на сликата и ќе го откријат тајниот портрет, а првите резултати на овие напредни техники се веќе видливи.

Еве како изгледа оригиналот на Рембрант, портретот на стариот човек за кој се крие вториот портрет.

Фотографии Andrea Sartorius, © J. Paul Getty Trust

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6078 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус