Откритија
Откриена е најголемата пештера во Светот
Пештерата Son Doong во Виетнам, која во 1991 година случајно била откриена од локален жител, е прогласена за најголемата пештера која до сега воопшто е откриена.
Никој до сега не можеше да претпостави дека на нашата Земјина топка постои нешто што е толку многу огромно, во кое можат да се сместат цели облакодери и градски улични квартови.
Познати британски истражувачи во 2009 година во потполност ја истражија пештерата и докажаа дека навистина пештерата Son Doong е најголемата, најдлабоката и најшироката пештера која до сега е откриена во Светот.
Во неа можат да се забележат неверојатни природни чуда како што се огромни блокови сталагмити и сталактити, ретки пештерски бисери, подземна река, подземна џунгла, пештерски живеалишта, разновидни антички фосили, екосистеми и многу други чуда, кои мајката природа со илјадници и илјадници години ги креирала и оформувала.
Оваа година пештерата е отворена за сите љубители на авантурата и адреналинот.
Постојат специјализирани и добро обучени водичи кои посетителите ги водат низ мистериозната пештера.
Турата е доста скапа, но ако се земе предвид фактот дека се присуствува на нешто неверојатно што до сега не е видено, похрабрите и оние кои тоа можат да си го дозволат со задоволство ќе се решат на таква авантура.
Благодарение на National Geographic и на фотографиите кои ги направи фотографот Carsten Peter, и ние имаме можност виртуелно да прошетаме низ оваа неверојатна и мистериозна пештера.
Уживајте во прошетката!
Додади коментар