Откритија

Откриено е најстарото пристаниште во светот

16 април, 12:38

На брегот на Црвеното Море се појави најстарото пристаниште во светот.
Станува збор за древно египетско пристаниште кое датира од пред 4 500 години и е 1000 години постаро од било кое древно пристаниште во светот.

Пристаништето било направено во времето на фараонот Кеопс, а прв пат било пронајдено во 1820 година, но тогашните археолози пронашле подземни галерии за кои сметале дека се гробници. Галериите биле направени од камени блокови на кои било изгравирано името на Кеопс.

Години подоцна, многу археолози го посетиле местото, но ниеден од нив не заклучил дека станува збор за фараонско пристаниште.

Најновите ископини и истражувања покажале дека тоа е најстарото познато пристаниште во светот.
Во галериите биле пронајдени интересни предмети, јажиња, делови од бродови, големи грнчарски садови кои најверојатно служеле за складирање вода на бродовите.
Биле пронајдени и папируси, од кои некои биле добро зачувани. Станува збор за најстарите папируси кои некогаш се пронајдени.
Археолозите биле пријатно изненадени кога меѓу записите на папирусите пронашле дневник на еден од градителите на Кеопсовата пирамида, во кој детално биле опишани неговите секојдневни активности.

Во близина на брегот, под вода биле пронајдени сидра за бродовите, а исти такви сидра биле пронајдени и на брегот. Секое сидро имало посебен запис, за кој археолозите сметаат дека е име на бродот на кој му припаѓало.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 987 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус