Откритија

Песочни подводни кругови

29 мај, 09:53

Во близина на брегот на Јапонија, на околу 80 метри под нивото на морето, јапонскиот фотограф Yoji Ookata направи спектакуларни и невообичаени фотографии на совршено обликувани кругови.

На прв поглед сигурно ќе си помислите дека станува збор за некои неоткриени мистериозни суштества кои потекнуваат од друга планета и кои се спуштиле на морското за да ги направат овие кругови.

Но ќе погрешите ако сте помислиле така, бидејќи виновникот за овие кругови е еден посебен вид на риба која живее во водите на јапонското море и која неуморно, со помош на нејзината една и единствена перка ги образува и совршено ги обликува овие кругови кои се со ширина од 6,5 метри.

Фотографот заедно со помош на други истражувачи, кои учествувале во истражувањето и набљудувањето при изработката на круговите, дошле до заклучок дека нив ги прават женските риби од тој вид, кога сакаат да ги привлечат машките риби за да го започнат процесот на парење.

Во центарот на самиот круг ги положуваат јајцата и парот заедно лежи над нив одредено време.

Истражувачите исто така заклучиле дека брановидните форми на кругот рибите ги прават со цел да ги заштитат јајцата од силните морски струи.

Ова е многу интересен и чуден начин со кој се привлекува спротивниот пол на овој вид на риби, со цел да се продолжи и да се зачува нивниот род и вид.

Колку е прекрасна, непредвидлива и сѐ уште не доволно истражена оваа наша планета!  

Подводни песочни кругови, Podvodni pesocni krugovi

Подводни песочни кругови, Podvodni pesocni krugovi

Подводни песочни кругови, Podvodni pesocni krugovi

Подводни песочни кругови, Podvodni pesocni krugovi

Подводни песочни кругови, Podvodni pesocni krugovi


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2214 пати.

Коментари [1]

Jasmina

Навистина интересно ...

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус