Откритија

Посветете дел од вашето време на другите

31 јули, 15:30

Можеби објаснувањето на оваа нова теорија во психологијата е најдобро да се започне со популарното објаснување на теоријата на релативитет на Ајнштајн. Имено, релативноста на  времето се објаснува на следниов начин: ако сте на состанок со убава девојка/момче времето брзо минува, но ако седите на вжештена печка дури и 2 минути тогаш тоа изгледа како вечност.

 

Токму за ваква релативност зборува и новата студија објавена во списанието Psychological Science. (Cassie Mogilner et al.,"Giving Time Gives You Time").

 

Истражувањето се состои од задачи како уредување на есеј на некој студент или пишување порака за некое болно дете. Иако за овие задачи е потребно од 5 до 15 минути, сепак, кај повеќето „донатори“ на време предизвикало чувство дека прават повеќе отколку некој што времето го поминува непродуктивно или го троши на себе. Ова предизвика испитаниците да се чувствуваат како да имаат повеќе време за себе. Значи не мора целото време да го одделите за волонтирање или вршење на други добротворни задачи, доволно е да посветите мал дел од вашето време на некој од вашите блиски, да ги ислушате, да им помогнете во извршувањето на некоја обврска и веднаш ќе почувствувате дека корисно сте го потрошиле вашето слободно време.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1237 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус