Откритија

Првите утрински сончеви зраци помагаат во намалување на тежината

09 јули, 13:07

Нови истражувања кои се спроведени на познат Универзитет по медицина во САД дојдоа до неверојатни докази. Имено изложувањето наутро на сонце, изложувањето на телото на првите утрински сончеви зраци помага да се намали телесната тежина. 
Сигурна сум дека ќе се запрашате како е тоа возможно? 
Околу шеесетина учесници на возраст од 30 години биле вклучени во истражувањето. Цело време во текот на седумте денови додека траело истражувањето, учесниците на себе носеле рачен монитор кој ја следел нивната изложеност на утринска светлина и воделе специјални дневници за храна во кои запишувале како се одвива нивното слабеење. 
Кај сите учесници без исклучок е забележано намалување на килограмите.
Научниците потенцираат дека две клучни причини се многу важни кои доведуваат до намалување на телесната тежина.
Првата причина е дека утринското изложување на сончевите зраци го синхронизира целиот внатрешен биолошки часовник на организмот, како резултат на тоа настапува природен и стабилен распоред на спиење, што од друга страна доведува до нормално метаболичко функционирање, благодарение на кое и по природен пат се губат вишокот килограми.      
Втората причина е таа што утринските сончеви зраци се многу посилни отколку попладневните или вечерните бидејќи имаат повисоко количество на сина светлина, која има најголемо влијание врз деноноќниот ритам на луѓето, го средува и го нормализира, со што повторно се доведува до беспрекорно функционирање на метаболизмот кој е главен момент при нормализирање на телесната тежина - нагласуваат истражувачите.
Сега кога пред вас ги имате сите овие информации се надевам дека ќе имате доволно причини да се натерате да станете барем половина час пред осум часот наутро за да уживате во утринските сончеви зраци и да оставите токму тие да ја завршат нивната магична работа. 
Ако не друго барем првото утринско кафе испијте го на вашата тераса во друштво на Сонцето, чии зраци ќе си поигруваат со вашето лице и тело.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3008 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус