Откритија

Шампањот ја подобрува меморијата

10 мај, 10:57

Научниците од Универзитетот Reading од Велика Британија дојдоа до сознание дека шампањот ја подобрува човековата меморија, благодарение на фенолните соединенија кои ги содржи овој пијалак.

Вакви соединенија се содржат и во виното, но кај шампањот се многу повеќе застапени.

Фенолните соединенија му помагаат на мозокот подолго време да ги зачува информациите и да може да се наврати на спомените од минатото, нешто кое со годините бледнее и се брише од мозокот.

Сепак, не претерувајте. Научниците предупредуваат на штетата која алкохолот му ја нанесува на организмот и повикуваат на контролирано внесување алкохол. Само една чаша шампањ неделно е доволна за подобрување на меморијата, секое претерување и опивање може само да ви наштети.

Ако не сте љубител на шампањ или не можете да си го дозволите, обидете се со мастика за џвакање. Научниците од Универзитетот во Велс спровеле истражување според кое џвакањето мастика додека работите на некоја задача не само што ви ја подобрува меморијата, туку и ви помага побрзо и поефикасно да ја завршите задачата.

Според Британското друштво за психологија, нивното истражување покажало дека мирисот на рузмаринот е уште еден начин за подобрување на меморијата.

Ставете си гранчиња рузмарин во вазна, џвакајте мастики и имајте супер меморија.

Ако и тоа не ви е доволно, секогаш може да јадете боровинки и да пиете какао, и двете ги содржат фенолите неопходни за добра меморија.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1110 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус