Откритија

Што сè се произведува од млеко?

14 август, 10:55

Млекото не е само храна, иако за човекот е речиси совршена храна. Меѓутоа, дали знаете дека од млекото се прават многу производи што немаат никаква врска со храна?

Во еден литар млеко има околу 100 грама цврста хранлива материја. Еден дел од таа материја е казеин или засиреност. Казеинот од неодамна се употребува на многу интересни начини.

За да се оддели казеинот од млекото влијае киселината, која исто така се наоѓа во млекото. Засиреноста што се создава во тој случај, потоа се суши и се претвора во прав.

Од казеин во прав се прават лекови и козметички препарати. Освен тоа, тој се употребува за обложување на хартии, за производство на хартија што не пропушта вода и за исто такви ткаенини, бои и кит за прозорци.

Кога овој прав ќе се навлажни и ќе се помеша со определени хемиски средства, се добива пластична маса. Козеинот во тој случај се користи за изработка на копчиња, играчки, чешли итн.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2094 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус