Занимливост, Интересно
Патот кон Сантијаго – незаборавен аџилак за христијаните
Во срцето на секоја религија лежат повеќе свети места кои верниците барем еднаш во животот ги посетуваат, со цел да се поклонат и помолат за здравје и духовен мир.
Она што за муслиманите значи аџилакот во Мека, за христијаните е аџилакот во Ерусалим.
Покрај Ерусалим, градот на духовноста, во минатото постоеле уште две свети места кои претставувале вистинска лулка на духовноста, Сантијаго Де Компостела во Шпанија и Базиликата Св. Петар во Италија, каде се наоѓа гробот на Свети Петар.
Иако и денес ги посетуваат илјадници верници од целиот свет, аџилакот од минатото не може да се спореди со денешниот модерен начин на посета на светите места.
Замислете 6 неделно пешачење од Франција до Шпанија, патување кое ве води по т.н. Пат кон Сантијаго – аџилак во вистинска смисла на зборот, чија цел е да стигнете токму до Сантијаго Де Компостела, до Катедралата каде се верува дека почиваат останките на Свети Апостол Јаков.
Во 14 век повеќе од милион луѓе секоја година тргнувале на овој аџилак и пеш го минувале растојанието од 700 километри, а ноќно време водилка им бил Млечниот пат, поради што и рутата во минатото била позната и под ова име.
Дел од патот кој го минуваат верниците
Денес Сантијаго Де Компостела годишно го посетуваат околу 150 000 верници од целиот свет кои на еден или друг начин минуваат по Патот на Сантијаго, или Патот на Јаков, како што многумина го нарекуваат.
Патот кон Сантијаго не е само растојание кое се минува за да се стигне до моштите на Свети Јаков, тоа е едно духовно патување на кое верникот се пронаоѓа себеси, се доближува до Бога и се исполнува со духовен мир.
Додади коментар