Посни штрудли со јаболка со готови кори

22 ноември, 12:22

Состојки:

  • 1 кг јаболка
  • 500 гр готови кори 
  • 200 гр брашно
  • шеќер
  • масло
  • квасец (16 гр сув квасец)
  • 1/2 л вода

 

Подготовка:
Во подлабок сад изрендајте ги претходно излупените јаболка, оставете ги 5 минути, а потоа со рака, дел по дел, потрудетесе да го исцедите сокот од нив. Доколку ги рендате јаболката директно над корите штрудлата ќе има вкус на подварено тесто. 
Во подлабок сад додадете млака вода, сув квасец и брашно. Смесата се меша со лажица се додека да стане хомогена. Маслото и шеќерот одделно ставете ги во филџан или чаша. 
За една штрудла потребни се три кори, првата кора не се премачкува, втората кора се премачкува само со смесата со квасец, а третата кора се најпрво премачкува со смесата со квасец (4-5 лажици), потоа се попрскува со масло (2 лажици), па, се додава шеќер (4 лажици) и се филува со претходно изренданите јаболка. 
Се пече во плек премачкан со масло, практикувајте штрудлите една од друга да се одвоени.
Се пече на 200C додека да зарумени.

Сервирајте откако ќе се излади, може да украсите со шеќер во прав.

Пријатен апетит!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3005 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус