Разгледници
Крушево
Највисокиот град на Балканскиот Полуостров, градот на некогашната Крушевска Република, градот кој располага со безброј историски и културни споменици, градот на нашиот Тоше, сето тоа е Крушево.
Сместен во западниот дел на нашата земја, овој град е препознатлив по својата архитектура. Изгледот на куќите, црквите и манастирите е надалеку познат и прочуен благодарение на познатите крушевски градители, зографи и резбари кои станале прочуени не само во нашата, туку и во соседните земји.
Веднаш над градот, во непосредна близина се наоѓа познатиот споменик „Македониум” кој е веродостоен доказ за долгото и мачно минато на нашиот народ, но истовремено е сведок на успехот на македонскиот народ во остварувањето на своите цели и интереси.
Старите фотографии од Крушево нека ве навратат во минатото и на момент нека ве потсетат на историјата, на почетоците, на непокорот…
Додади коментар