Разгледници

Преспанското јаболче – Ресен

20 април, 02:08

„Преспанско јаболче” и „Градот на јаболкото” се само дел од имињата кои народот му ги припишал на градот Ресен.

Сместен во југозападниот дел на нашата држава, опкружен со три високи планини, Баба, Галичица и Бигла, како и близината на Преспанското езеро, го прават Ресен еден од ретките градови во нашата земја кој изобилува со неверојатна убавина и преубава клима.

Поради чистиот, планински воздух и влажноста на почвата од езерото, во Ресен, покрај другите култури најдобро успева јаболкото, по што, со право може да го носи името „Преспанско јаболче”.

Низ историјата, Ресен бил значаен град затоа што низ него, во времето на Римската империја, поминувал староримскиот пат Виа Игнација. Покрај овој пат биле изградени повеќе населби и попатни станици, меѓу кои и Скиританија, на чие место подоцна израснал Ресен.
Постојат голем број на историски споменици од тој период, кои немо сведочат за времето кое поминало, а оставило силен белег врз историјата на градот.

Прекрасните фотографии кои следат ќе ве запознаат со некогашниот изглед на Ресен, додека пак на оние, ресенчаните, особено на постарите, ќе им ги вратиме сеќавањата на стариот Ресен. 
Уживајте!

   

   


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3500 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус