Разгледници

Вештачки езера во Македонија (2 дел)

03 февруари, 07:06

Бројните вештачки езера на територијата на Македонија со својата убавина и прекрасната природа се вистинско место за одмор и рекреација. 

 

 

 

 

Липковско Езеро

Липковското Езеро е одалечено 2 км. од селото Липково, Кумановско, сместено во долината на Липковска Река, десна притока на реката Пчиња.

 

Мавровско Езеро

Мавровското Езеро се наоѓа во северозападниот дел на Р. Македонија, на 1200 м. надморска височина. На местото на кое се наоѓа езерото пред околу 70 години се наоѓала Мавровската Kотлина низ која течела Мавровската Река. Со преградување на нејзиното истекување котлината се исполнила со вода.

 

Езеро Матка

Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, создадено во 1938 година со преградување на реката Треска. Езерото се користи за риболов, а денес една од најголемите атракции е пештерата Врело која е една од најдлабоките подводни пештери во Европа, со длабочина над 203 м.

 

Езеро Младост

Езерото Младост кое уште се нарекува и Велешко Езеро се наоѓа северно од Велес. Ова езеро е изградено со цел наводнување на лозовите насади и земјоделските плантажи во околината кои често страдале од суши во минатото.

 

Прилепско Езеро

Прилепското Езеро лоцирано во близина на Прилеп, се протега во должина од 1,4 км со површина од 0,54 км². Езерото е изградено на  Оревоечката Река. Под денешното езеро се наоѓа потопеното село Пештерица.

 

Стрежевско Езеро

Стрежевското Езеро е изградено во средниот тек на реката Шемница, десна притока на Црна Река. Езерото зафаќа површина од 7,5 км² и е едно од најдобрите места за риболов, бидејќи редовно се порибува.

 

Тиквешко Езеро

Тиквешкото Езеро се наоѓа на 12 км. југозападно од Кавадарци, создадено со преградување на кањонот на Црна Река. Езерото има три острови од кои најголем е Градиште со површина од 2,3 хектари, а другите два се мали и се во близина до брегот.
Тиквешкото Езеро е најголемо вештачко езеро по површина, длабочина и должина во Македонија.

 

Езеро Треска

Езерото Треска се наоѓа во атарот на селото Сарај, во близнина на главниот град Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м². Поради загаденоста, езерото е затворено за одмор и рекреација од 1998 година, а денес се прават обиди за негово реактивирање.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 26275 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус