Здравје, Здрави навики

Сакате ли да блеснете со сета своја убавина во најубавата и најлуда ноќ ???

29 декември, 12:09

САКАТЕ ЛИ НЕЧИИ ОЧИ ТАА НОЌ ДА БИДАТ САМО ВАШИ???

Што се крие позади овие зборови? Можеби очекувате којзнае какви совети или којзнае што треба да направите за ова да биде ваша посакувана вистина, а всушност тоа се толку мали нешта кои ако почнете да ги практикувате од овој час вашето тело и вашиот тен ќе блеснат како најфин порцелан. Почнувајќи од најдолгата ноќ па се понатака продолжуваат новогодишните и други празнувања во кои сакале или не малку ќе се опуштиме. Со сета своја инвентивност и фантазија тие денови вашите трпези ќе наликуваат на прекрасни миризливи букети закитени со разни солени и слатки делиции. Ќе се преплетуваат вкусови правејќи миризливи бајки во вашиот дом, па како тогаш може да не се растопите пред таква убавина.....И АКО... Растопете се, разлејте се пред тој магичен раскош направен од вашите раце, почестете си ја душата зошто миговите се единствени ...мигови на љубов, убавина, сплотеност и топлина.
Сега доаѓаме на тоа што треба да направите за навистина толку безгрижно да уживате. За да може вашиот организам со раширени раце да ги прифати сите тие задоволства треба благовремено, што значи уште СЕГА, да почнете да го прочистувате. Во овие зимски студени денови каде физичката активност сакале или не ни е ограничена, нашето тело нема можност да се ослободи од сите оние материи и токсини кои се на некој начин нуспојава од самиот процес на варење на храната. Последицата од тоа најчесто се гледа на вашата кожа, на вашиот стомак кој многу често овие денови изгледа како мал надуен балон… А вие сакате да го облечете вашето здолниште од соништата. Затоа уште од изутрина ставете точка и почнуваме:

ДОРУЧЕК:
- секое утро денот ќе го почнувате со шолја зелен чај во која ќе ставате ¼ кафена лажичка ѓумбир во прав и сок од еден цеден лимон.

ЗОШТО?
Како што однадвор го миете вашето лице и тело секое утро тоа исто го прави овој чај одвнатре. Дејствувајќи благо диуретички тој ве ослободува од сите токсини кои се таложат во вашето тело и кои го попречуваат нормалното функционирање на другите системи во вас. Ослободувајќи се на тој начин вашиот тен ќе почне да добива во овие сиви денови нормална, чиста нијанса.
Освен за пиење зелениот чај ќе почнете да го употребувате и како тоник за чистење и освежување на вашето лице. Според тоа зелениот чај не се употребува само за прочистување одвнатре, туку можете да го употребувате и како тоник за чистење на кожата.
Се вари чај, а потоа се става во стаклено шишенце. Ако на шишенцето има распрскувач тогаш директно се распрскува на лицето и се остава кожата да го впие, ако нема тогаш се натопува ватичка и се натапкува на лицето.

ДОРУЧЕК:
- откако ќе го испиете чајот, после 1 - 2 часа во шолјичка од 150 мл.ставате јогурт и во него 1 супена лажица семе од коприва. Го оставате јогуртот со копривата да отстои најмалку 15 мин. а потоа го комбинирате со било кое овошје што го имате или го јадете (особено добра комбинација е со јаболко, киви па дури можете да ставите и парче тиква печена ако имате) и ¼ кафена лажичка цимет.

ЗОШТО КОПРИВА?
Таа е прекрасен детоксикатор, а во исто време го јакне вашиот имунитет. Овде особено е во служба на прочистувач и елиминатор на наталожени отрови во организмот и масни наслојки (ЦЕЛУЛИТ).

ЗОШТО ЦИМЕТ?
Циметот го регулира нивото на шеќер во крвта и го држи вашиот апетит под контрола.
Тоа беше вашиот доручек  кој вие можете да го комбинирате по ваша желба, но основата е јогуртот, копривата и циметот.

УЖИНА:
- јаболко 1 - 2

РУЧЕК:
- за ручек се јаде салата во која основни намирници се: дајкон, целер корен, морков и лист од магдонос. Вака изрендани можете да ги комбинирате со цвекло, домат, зелена салата или рендана зелка, свежа зелена тиквичка, краставица, трупка бела или црна, тоа е сè по ваш избор. За да биде салатата комплетен оброк може да додадете варен интегрален ориз или туна или друга риба или сардина.
Се додава прстофат сол, куркума или кари, маслиново масло и сок од лимон или јаболков оцет (сè е во служба на елиминација на токсини и вишок вода).

ЗОШТО ЦЕЛЕР, МОРКОВ, ДАЈКОН и МАГДОНОС како задолжителна комбинација?
Моќни диуретици и детоксикатори кои ќе го растеретат вашето тело од вишокот течности во исто време елиминирајќи ги масните наслојки на крвните садови и вишокот маснотии во вид на депонии (ЦЕЛУЛИТ).

ПЛАДНЕВНА УЖИНА:
половина час до еден час после ручекот една шолја зелен чај со ѓумбир.
Ако почувствувате глад 1 - 2 јаболка свежи.

ВЕЧЕРА:
- овошна салата од: рендан целер, рендано јаболко,100 мл.јогурт со помала масленост, лута пиперка или црн бибер, семки од тиква и семки од сончоглед. Ова е за солена верзија, а за слатката: рендан целер - корен, рендано јаболко, цимет, половина дланка суво грозје,1 супена лажица мелено семе од лен, тостиран интегрален сусам, семки од сончоглед и тиква и по желба бадем и лешник, секако јаткастите плодови и семките непечени и несолени и сок од еден лимон. Сè се става во една чинија, се меша и се остава да отстои 20 мин. за да набубри лененото семе.
Вечерата да биде најкасно до 20 ч.а ако потоа се почувствува глад може да се изедат 1 - 2 јаболка или да се пие чај од маточина.
Во овој план за дневно мени е вклучена водата која треба да се пие по малку но почесто во денот и физичката активност која може да биде во било каква форма - сè е подобро од седење во место или лежење.


Овие неколку дена употребата на месо се намалува и се ограничува на риба или пилешко бело месо, додека црвените меса или се апстинираат или се сведуваат на минимум. Лебот исто така или се заменува со употреба на овесни снегулки, варен интегрален ориз или просо кое може да се комбинира со сè: и во салати и во чорби и како самостоен оброк како варен и комбиниран со овошје свежо или суво.
Овие се мали промени кои носат големи и видни резултати кои ќе ве мотивираат да бидете истрајни во желбата да изгледате како оние во НОЌТА НА ОСКАРИТЕ.
А ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЌЕ БИДЕ ВАШИОТ ОСКАР ТАА НОЌ????
ОЧИТЕ ШТО ВАШАТА УБАВИНА ЌЕ ГИ ОСВОИ ТАА ЕДИНСТВЕНА НОЌ, А КОЈ ЗНАЕ МОЖЕБИ И ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ....ВРЕДИ МАЛКУ МАКА ЗА ТОПЛА И НЕЖНА РАКА ...

 

 

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 2703 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус