Совети

Како да го забрзате вашиот андроид

29 август, 00:06

Познато е дека со текот на времето на користење мобилните телефони, таблетите или паметните телефони кои имаат андроид оперативен систен стануваат многу спори, а со тоа и не толку корисни. 
Забавеното извршување на функциите предизвикува нервоза кај корисниците, па тие многу често се во потрага по информации кои ќе ги решат проблемите и со тоа ќе ги забрзаат нивните андроиди уреди. 
Токму такви информации кои ќе го забрзаат функционирањето на вашите андроиди можете да добиете во продолжение на статијата. 
Прочитајте ги корисните совети, применете ги и имајте брз и стабилен андроид уред. 

За забрзување на поголемиот број андроиди одговара следниов начин: вклучете ја опцијата „Developer Options‟, одберете го полето „Settings‟, па потоа „About Phone/Tablet‟ и во него одберете го „Build Number‟ и почекајте додека не се појави известување дека „Developer Options‟ е вклучен.

подесување на анимациите
Анимациите кои се многу привлечни ја успоруваат работата на андроидот. И вие можете нив да ги „успорите‟ или потполно да ги избришете. Оваа е постапката: Отворете го „Developer Options‟, потоа пронајдете ги „Window Animation Scale‟, „Transition Animation Scale‟ и „Animator duration scale‟. За секоја од овие опции може да се подесат анимациите на скала од 0,5x до 1,0x или сосема да се исклучат. Оваа постапка треба да овозможи побрзо појавување на менијата на екранот. 

исчистете го кешот
Оваа постапка е особено важно да се спроведи кога е потребно за кратко време да се вчитаат страници кои веќе сте ги посетиле, но кешот може да биде незгоден и да ве кочи во тоа затоа што веќе е наполнет. Без разлика кој пребарувач го користите знајте дека кешот можете да го исчистите. Опцијата за чистење на кешот обично се појавува под полето „Settings‟ кај пребарувачот, како и во деловите кои се поврзани со приватноста и историјата на пребарување.

отстранете ги непотребните апликации и процеси
Андроид уредите имаат вграден систем за управување со енергијата кој не е баш така паметен. Апликациите и процесите остануваат активни и ја оптеретуваат меморијата уште многу долго време откако сте престанале да ги користите. Слободно избришете го кешот и „убијте‟ ги процесите кои долго време не ги користите. Отворете го полето „Settings‟ па потоа „Apps‟ и извршете ја постапката, само внимавајте да не гибате ништо што е поврзано со „Google Play‟ или „Android Services‟.

избришете ја кеш апликацијата
Ако некои апликации порано добро работеле а сега предизвикуваат проблеми можно е за нив решение да е бришењето на кеш апликацијата. Отворете го полето „Apps‟ па потоа „Settings‟ па апликации и одберете го „Clear Cache‟, само бидете внимателни што бришите. Со постапката ќе се избришат сите податоци за логирање па имајте на ум дека ќе морате повторно да ги внесувате. 

редовно ажурирајте ги апликациите
Можете рачно да проверите дали апдејтовите се достапни во „Google play‟ со отворање на „My Apps‟ и потоа „Update All‟. Потоа ќе добиете посебно известување ако на апликациите им треба додатна дозвола а ќе можете и да ги прегледате.
Исто така можете уредот да го подесите автоматски да се надоградува штом се поврзи со интерет. Во „Settings‟ во „Google Play‟ одберете „Auto update apps‟. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3866 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус