Статии

Неколку едноставни чекори до успехот и среќата

20 април, 00:05

Мислите дека успехот се темели на добрата заработувачка, напорната работа и трката по пари?

Зошто успехот секогаш го поврзуваме со материјалните нешта? Зарем тоа е целта на нашето постоење?

Успехот е многу повеќе од стекнатото богатство и титула. Да живееш успешен живот значи да живееш исполнет живот, живот во кој преовладуваат вистинските вредности, малите големи нешта на кои со радост ќе се сеќаваш еден ден, живот вреден за живеење.

Само среќниот човек е успешен човек, а патот до среќата и не е така тежок ако ги научите вистинските чекори.

За почеток обидете се со следните чекори:

Запознај се себеси, своите вистински вредности и идеали и цврсто држи се до нив.

Опкружи се со мала група на луѓе кои навистина ти значат, луѓе пред кои може да бидеш тоа што си, да се смееш и плачеш, луѓе кои ќе ги делат сите твои подеми и падови, ќе се радуваат, но и ќе плачат со тебе.

Не заборавај дека животот е драгоцен и никој не знае кога ќе дојде на крајот на својот пат. Затоа, постојано потсетувај се на сите нешта за кои треба да бидеш благодарен, како и на луѓето на кои треба да им ја покажеш својата љубов и благодарност.

Прифати дека секогаш ќе има болка и страдање на овој свет, но сепак потруди се да ја гледаш светлата страна на животот.

Биди дарежлив, помагај, давај од срце без да очекуваш награда. Дарежливоста и добрината ќе ти ја исполнат душата и тоа ќе биде твојата најголема награда, твојот успех кој ќе те направи среќен.

Сакај, сакај од срце, опкружи се со љубов зошто љубовта е клучот до среќата и успехот.

Стреми се кон личен раст, потруди се да се промениш, да станеш подобар човек, учи нови нешта, сподели ги твоите искуства со другите и поттикни ги и нив да се променат.

Никогаш немој да престанеш да гледаш низ очите на детето кое некогаш си бил. Негувај ги љубопитноста и младешкиот дух и прави ги нештата кои те усреќуваат без оглед на твоите години.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4458 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус