Што покажува часот на раѓање?

04 ноември, 06:10

Часот на раѓање влијае на вашиот карактер и врз вашата енергија. Денот се дели на шест временски единици. Во зависност од поставеноста на планетите во секоја од тие временски единици зависи и карактерот на личноста родена во неа.

 

 

 

Родени во периодот 00:00 – 04:00 часот – сонувачи

Чувствителноста, фантазиите и сонувањето се главни карактеристики на родените во оваа временска единица. Своите идеали ги формираат уште од детството и тешко ги менуваат. Сакаат да ги пренесуваат своите искуства и знаења, но често се двоумат околу своите цели поради што стануваат немирни.

Родени во периодот 04:00 – 08:00 часот – најупорни

Упорноста и практичноста се најпрепознатливите карактеристики кај овие личности, затоа често нивната реакција кон проблемите е како да се подготвени однапред за проблемот. Во однос на целите и соништата, тие се насочуваат кон остварување на соновите на оние околу нив. Иако се високо интелигентни и упорни во остварување на целите, често немаат материјална корист од тоа.

Родени во периодот 08:00 – 12:00 часот – оптимисти и филозофи

Нивната присутност шири позитивна енергија. Заради нивната амбициозност постигнуваат големи успеси на професионален план, додека во приватниот живот се оптимистички насочени и ја истакнуваат својата духовност. Особено ќе ги препознаете по желбата за филозофирање за смислата на животот и меѓучовечките односи. Овие личности често поседуваат уметнички таленти.

Родени во периодот 12:00 – 16:00 часот – енергични и креативни

Родени се за да бидат наставници, математичари или говорници. За нив во животот мора да има и некоја драма која ќе им го направи животот поисполнет. Енергични и љубопитни, тоа е најдобриот опис на родените во оваа временска единица.

Родени во периодот 16:00 – 20:00 часот – самоуверени

Понесени од немирниот дух постојано се впуштаат во нови предизвици и непознати ситуации. Овие личности речиси секогаш функционираат според одреден план. Се издвојуваат како бунтовници и друштвени личности со многу енергија.

Родени во периодот 20:00 – 00:00 часот – лидери и доминантни

Тешко може да ги доведете до несигурност, но ќе ги налутите, ако им го повредите нивното его. Барем еден дел од денот сакаат да го поминат сами за да ги резимираат своите мисли и да соберат енергија за дружење.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2846 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус