Сусамот – извор на калциум и минерали

14 септември, 00:09

Омилениот додаток на кифличките и другите солени печива е многу повеќе од зачин кој го подобрува вкусот.

Сусамот има голема лековита моќ и хранливи својства кои ја подобруваат здравствената состојба на организмот, а користењето на малите вкусни зрнца помага во борбата против некои од најтешките заболувања.

Ако досега го користевте само како додаток на печива, добро е да стане редовен член на вашата трпеза, за да ги почувствувате благодетите на ова навидум обично растение.

Сусамот има голема енергетска вредност, содржи калциум, протеини и минерали. Половина чаша сусам содржи 3 пати повеќе калциум од половина чаша млеко.

Успешно го спречува развојот на тумори, ги прочистува црниот дроб и бубрезите и го подобрува имунолошкиот систем.

Чудесните мали зрнца ја зголемуваат плодноста, а маслото од сусам се користи за лекување на дизентерија.

Сусамот се покажа и како одличен лек за парадонтоза. Со 2-3 капки масло од сусам нежно се масираат непцата во вечерните часови, по миењето на забите. Третманот трае најмалку 3 месеци, а масажата се применува секојдневно.

Можете да го јадете како додаток во шолја јогурт, обилно да го користите во домашните печива, а може да направите и млеко од сусам кое ќе изобилува со калциум и минерали.

Во блендер измешајте 1 чаша од сусам, 1/4 чаша мед и 3 чаши млеко и уживајте во вкусниот, но пред сè здрав пијалак. 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6796 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус