Позитива, Мисли

Светот според Џон Ленон

03 јули, 07:00

Една од најозборуваните и најуспешните личности во музиката, Џон Ленон, последните години од својот живот ги посвети на музиката, љубовта и мирот. Сакајќи да ја направи вистинската промена во светот тој пееше за замислениот свет и мирот кој ни е потребен. И денес после 32 години од неговото убиство, некогашниот член на Битлси, покрај неговото богато музичко творештво ќе се памети и по неговите зборови. 

 

„Животот е она што се случува додека ти си опседнат со други планови.“

„Нашето општество е водено од луди луѓе со луди цели.“

„Не треба некој друг да ти каже кој си и каков си. Ти треба да знаеш.“

„Не е важно колку е долга мојата коса или каква боја на кожа имам. Не е важно дали сум маж или жена.“

„Нема да ги променам моите погледи ни моите чувства за да им одговарам на некои. Јас отсекогаш сум бил чуден. Чуден сум целиот мој живот и морам да живеам со тоа.“ 

„Сите те сакаат кога си 6 чекори под земја.“

„Кога сите ќе сакаат мир и нема да бараат уште еден телевизор во својата соба, тогаш ќе имаме мир.“

„Среќа е тоа што го чувствуваш кога не се чувствуваш мизерно.“

„Ако некој мисли дека мирот и љубовта се клише и треба да се остават во 60-те, тоа е проблем. Мирот и љубовта се вечни.“

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3207 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус