Убав дом

Мали тајни за разиграност и светлина

24 февруари, 10:08

Перничиња, украси, полици, мали парчиња мебел... Сите тие му даваат посебен белег на домот и се одличен начин нешто да промените или едноставно да го освежите мебелот.

Уредувањето на домот не мора да подразбира драстични промени.

Понекогаш, само нови завеси или пар перничиња може да внесат свежина и сосема да го променат изгледот на просторијата.

Ви откриваме неколку мали тајни кои ќе ви помогнат да го преуредите просторот без многу труд, а промените сепак да се впечатливи и интересни.

Перничиња во пар
Четири перничиња секогаш изгледаат подобро од две. Изберете два пара со различни бои и различна големина.

Тапети за разиграност
Старите врати на плакарите може да ги освежите со фолии или тапети, а истото  може да го направите и со позадината на некоја стаклена комода, која одлично ќе изгледа и ќе внесе разиграност во домот.

Завеси за светлина
Завесите имаат посебна улога во секоја просторија. Колку се поедноставни и посветли, толку понежно и поубаво изгледаат, а и полесно ја пропуштаат надворешната природна светлина.
Изберете завеси со светли, пролетни бои и внесете зрак светлина во просторот.

Цвеќе во аголот за топлина и живост
Зелените растенија даваат посебно чувство на живост и топлина и претставуваат одличен декор за дневни соби, особено ако имате доволно место, па може да си дозволите и поголемо цвеќе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9416 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус