Убави нешта

Црвено јајце – симбол за Велигден

11 април, 00:03

Велигденските јајца најубаво е да се сварат на денот Велики четврток бидејќи така ќе можат да седат подолго време од вообичаено, без при тоа да се расипат.

Исто така христијаните ги бојадисуваат јајцата во текот на цела Велика недела, позната кај народот уште и како Страсна недела, со што истовремено и се слави самиот празник Велигден.



Првото јајце се бојадисува на Велики четврток пред да изгрее сонцето. Откако ќе се вапса и олади, со него се поминува по лицето на најблиските и при тоа се кажуваат зборовите: црвено, здраво, дебело. Потоа ова прво јајце, за кое се верува дека има магиска моќ, се чува во текот на целата наредна година под домашната и осветена икона, бидејќи се верува дека ја чува куќата и домот од секакви негативности. 

Вапсувањето на велигденските јајца претставува симбол на раѓањето и животот, а црвената боја на јајцата ја означува крвта на Исус Христос.

Оваа година обојте ги и вие велигденските јајца во црвена боја, подарувајте им ги на роднините и пријателите и кажувајте си едни на други „Христос воскресе” и одговор на тоа „Навистина воскресе”. 

Честит велигден на сите христијани! 

Црвено јајце – симбол за Велигден, Crveno jajce - simbol za Veligden


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 12278 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус