Вкусни бомбици со сончоглед и мак

13 септември, 06:50

Состојки:
200 мл. кисела вода
200 мл. масло
150 гр. сусам
200 гр. непечен, лупен сончоглед
2 мали лажички сол
30 - 50 гр. мак
500 - 550 гр. брашно

Подготовка:

Во поголем длабок сад се ставаат сите состојки освен брашното. Смесата убаво се меша и постепено се додава брашното.

Смесата која што треба да се добие не треба да е премногу сува ниту премногу течна, затоа брашното се става на крајот, за да се види колку ќе биде доволно.
Се вади тестото од садот и се продолжува да се меси на работна плоча. 
Тоа треба да е меко и да не се лепи на рацете.

Откако ќе биде убаво измесено, се прават форми по желба.

Може тоа да бидат бомбици, но може да се направат и штангли од исукана кора од тестото која не треба да е слаба, отприлика треба да е дебела 1 см.

Добиените форми се ставаат на хартија за печење во плех и се печат 30 до 40 минути на 200°Ц .

Неколку минути пред да се извадат од рерна се зголемува температурата на 250°Ц за бомбиците или штанглите да поруменат. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6733 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус