Животен стил, За него

Време е за ветровки

12 јуни, 18:15

Периодот кога се менуваат годишните времиња е период на настинки.

Јуни е месец кој го означува почетокот на летото, но оваа година тоа не е така.
Иако во овој период сме навикнати да излегуваме со кратки ракави, временските услови некако не го дозволуваат тоа.

Она што најповеќе ни треба за овој период од годината, е секако ветровка.

Припадниците на посилниот пол, во овој период од годината носејќи ветровка по нивен избор, можат да изгледаат ултра модерно и секаде каде што ќе се појават да остават впечаток на лица со убав и изграден стил.

Ветровките можат да бидат во една или во повеќе бои.
Карактеристични се по тоа што имаат поголем број на џебови, во кои можат да се стават сите работи кои се потребни кога излегувате од дома, како мобилен телефон, паричник и друго.

Покрај што се модерни и пријатни за носење, ветровките заштитуваат од ветрови и дожд, состојби кои се карактеристични за ова годишно време.
Можат да се комбинираат со спортски маички, со елегантни кошули или со некоја модерна марама.

Погрешно е мислењето дека ветровките ќе ви бидат потребни само во овие преодни годишни времиња. Многу повеќе ќе ги користите доколку сте на одмор покрај море, река или езеро, кога романтичните вечери се многу долги и студени.

Изберете ветровка која вас најповеќе ви се допаѓа, со повеќе или помалку џебови, со капа или без неа, во една или во повеќе бои, зависи од вашиот вкус и стил на облекување и бидете неодоливи и модерни.

Ветровките со тегет боја, светло сина боја на небо, бела, портокалова или црвена боја се оние кои се најповеќе продавани и најповеќе барани оваа сезона, па доколку во вашиот плакар немате ветровка, време е да си набавите и да бидете ултра модерни и во чекор со новите светски модни трендови.

Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки

Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки

Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки

Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки Vreme e za vetrovki, Време е за ветровки

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2324 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус