За него

На што треба да внимавате при бричење?

20 јануари, 09:43

Споредете го своето прво бричење на вашата брада со секое наредно. Навистина интересно, некогаш толку добро ќе го избричите своето лице без ни мали гребнатинки, но почесто тоа завршува со гребнатинки.

Се прашувате зошто? Проблемот не е секогаш до вашата кожа или сетот кој го користите, причината побарајте ја во себе. 

Како се чувствувате кога се бричите, нервозни сте, се брзате, мислите ви кружат наоколу, не внимавате дали и колку пена ќе нанесете? Тогаш знаете зошто ви се случува тоа.

Погледнете на што треба да посветите посебно внимание:

  • Измиете ја кожата со антибактериски препарат 

Во текот на денот, независно дали сте на работа, дома или на било кое место, постојано се допирате на своето лице со што можно е пренесување на бактерии. Овие бактерии лесно може да навлезат во крвта преку исекотините и да предизвикаат инфекција.

  • Посебен сет за бричење

Набавете си посебен сет за бричење кој ќе го користите само вие. Чувајте го на чисти места и редовно пред и после бричење измивајте го.

  • Редовно чистете го жилетот

Во текот на бричењето редовно плакнете го жилетот за да ги отстраните насобраните влакна и пена. Со тоа ќе си го олесните бричењето.

  • Не правете корекции на сува кожа

Кога кожата ќе почне да се суши, за да поминете повторно со жилетот прво мора да ја навлажните, во спротивно ќе предизвикате црвенило на тој дел.

  • Бричење без пена, никако

Бричењето на сува кожа без пена е болно, ја иритира кожата и го зацврстува влакното.

  • Внимателно слушајте ги звуците при бричење

Самиот звук на влакното покажува дали го сечете во неговиот правец или обратно од правецот на неговиот раст. Никогаш не бричете се спротивно од растот на влакното, посебно не кај влакната во пределот на вратот и бидете внимателни при бричењето за да ги избегнете несаканите проблеми.

Единствен начин за да ја заштитите својата кожа при бричењето е да се посветите на чинот додека трае.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1723 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус