За него

Флертот се менува со тек на годините

05 ноември, 11:06

Флертот пред да стапите во брак и флертот откако сте се развеле нормално е да се разликува. Самите години, како и искуството се причина за разликата, но, очигледно неуспешниот брак го влошува стилот на кој флертувате. Ова се најчестите грешки кои мажите ги прават кога флертуваат:

Негативно зборувате за вашата претходна партнерка

Овие лоши коментари може да го исплашат или да го избркаат вашиот иден партнер. Затоа, фокусот ставете го на вас како личност, вашите хобија и интереси. Доколку ви постават прашање за минатото, дадете краток позитивен и самоуверен коментар и веднаш преминете на друга тема. 

Зборувате за своите финансиски проблеми

Има девојки кои се интересираат за вас поради карактерот или изгледот, а не за финансиската состојба. Бидете едноставни и отворени, кажете дека не сте добро ситуирани, но дека заедно ќе го надминете тоа. Ако вечерата е прескапа, премолчете и не жалете се за тоа, сепак вие сте иницијаторот.

Изгледате лути и преокупирани со вашите проблеми

Можеби разводот ве разочарал, депресивен сте и изморен. Дадете си време да се средите и трудете се да гледате на позитивната страна. Жените сакаат забава, интересен и опуштен разговор, оптимизам и охрабрување. Само така ќе можете да продолжите понатаму. 

Се однесувате како средношколец

Како изминуваат годините, од вас се очекува да сте посериозни и да се однесувате како џентлмен. Внимавајте на облеката и местата кои ги бирате, дамите имаат потешки критериуми за разлика од тинејџерите.

Постојано зборувате за вашите деца

Убаво е да сте посветен родител кој мисли и се грижи за своите деца. Затоа, во ред е да ги спомнете за време на излегувањето, но пред сè фокусирајте се на вашата партнерка која сака да знае дека со неа сакате да имате нешто убаво и сериозно.

Ако добро ги поставите темелите на врската, во иднина ќе имате доволно време да разговарате за многу работи од вашиот живот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1925 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус