За него

Како да го намалите својот стомак

16 декември, 07:14

Еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат поголемиот дел од мажите во врска со нивниот физички изглед е големиот стомак.

Големиот стомак го отежнува извршувањето на секојдневните физички активности. Освен тоа, го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес, ноќна апнеја и канцерогени заболувања.

За да се ослободите од овој физички недостаток, потребна е упорност и комбинација на посебен режим на исхрана, пропратена со физички вежби.

Диета

Првиот чекор кој треба да го направите, воедно и најтежок, за да го намалите својот стомак е контрола на исхраната. Храната која содржи шеќери и обработени јаглехидрати, како што се колачи, торти, газирани пијалоци, чипс и сите видови грицки, пржената храна и јадења заситени со масти треба да ја исфрлите од вашата исхрана.

Во замена конзумирајте храна богата со протеини и здрави масти, овошје и зеленчук.

Кардио вежби

Почнете со поедноставни вежби, како на пример: возење велосипед и џогирање. Со овие вежби не само што ќе намалите на килограми, ќе ја подобрите работата на срцето и целиот метаболизам. Вежбајте најмалку 30 минути секој ден, така што ќе стекенете здрава навика која позитивно ќе влијае на вас.

Стомачни вежби

Стомачните вежби се одлични за намалување на маснотиите околу стомакот, ги зајакнуваат мускулите и ги согоруваат калориите. Постојат повеќе варијации како да ги правите стомачните вежби, најдобра позиција е да ја наведнете главата кон подот, а нозете во вис. Секако за тоа потребна ви е соодветна справа.

Склекови

Колку повеќе ги активирате мускулите, толку повеќе калории ќе согорувате. При правење склекови се активираат мускулите на рацете, градите, рамената и грбот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3571 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус