За него

Ублажете го опаѓањето на косата

21 мај, 07:28

Ќелавоста е проблем со кој се соочуваат голем дел од мажите. Честопати е наследна, а се јавува и кај доста млади мажи.

Иако сè уште не постои лек за ќелавост кој трајно може да го отстрани проблемот со опаѓање на косата, правилната исхрана и неколку едноставни нешта може да ви помогнат да го намалите опаѓањето и да ја успорите ќелавоста.

 

Појадок
Најважниот оброк во денот, појадокот, покрај што е важен за вашето здравје, во голема мера влијае и на вашата коса. Јајцата се одличен избор за појадок бидејќи содржат белковини кои го спречуваат опаѓањето на косата.

Протеини
Храната богата со протеини, особено рибата, пилешкото и црвеното месо се многу корисни за здрава коса.

Помалку гел и восок
Разните препарати кои ги ставаме на косата ги оштетуваат фоликулите. Долготрајното и често користење на гелови и восоци за коса придонесуваат за нејзиното опаѓање.

Истражувањата покажуваат дека оревите, бадемите, зелениот листест зеленчук и сувото овошје исто така помагаат за спречување или барем за ублажување на ќелавоста.

Во очекување на лекот за ќелавост, обидете се со здрава храна и правилна нега на косата. Ако не можете трајно да го решите проблемот, барем ќе го ублажите опаѓањето на косата и донекаде ќе ја спречите ќелавоста.

Во секој случај, не загрижувајте се премногу. Некои од најголемите ѕвезди се соочуваат со овој проблем, но сепак изгледаат одлично и се посакувани.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1263 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус