Позитива, Статии

За што ќе жалиме пред крајот на животот

19 јули, 07:28

Брони Вер, писателка и текстописец од Австралија, долги години работела во здравствен дом каде што престојувале пациенти на кои им била дијагностицирана неизлечива болест и кои биле во последниот стадиум од болеста.
Таа била со многу од нив во текот на последните неколку недели од нивниот живот.
Ова нејзино искуство засекогаш го променило начинот на кој таа гледа на животот и ја научило многу повеќе да ги цени работите кои ги има.

Еден од најзначајните написи кои произлегле од ова нејзино искуство е листата со 5-те работи за кои најчесто жалеле луѓето кои се соочиле со смртта. Можеби уште поважни се нејзините кратки и јасни совети за тоа како да не ги повторите истите грешки.

1. Посакувам да имав храброст да живеев живот каков што јас посакував, а не каков што другите очекуваа од мене
Многу е важно да  пробате да исполните барем некои од вашите соништа. Во моментот кога ќе го изгубите здравјето може да е веќе предоцна. Здравјето ни дава слобода за која малкумина се свесни и тоа го сфаќаат откако ќе го изгубат.

2. Посакувам да не работев толку многу
Со поедноставување на вашиот животен стил и со правење на свесни одлуки, можете да ги намалите приходите кои ви се потребни. Со тоа ќе можете помалку да работите, создавајќи повеќе простор во вашиот живот што ќе ве направи посреќни, но и поотворени за нови можности кои сè повеќе ќе одговараат на вашиот нов животен стил.

3. Посакувам да имав храброст да ги изразам своите чувства
Многу луѓе ги потиснуваат своите чувства за да избегнат конфронтации со другите. Резултатот од тоа е живеење на просечен живот, неискористување на сопствениот капацитет и честа појава на болести како резултат на потиснати чувства.
Не можеме да ги контролираме реакциите на другите. Сепак, ако ние секогаш сме искрени, тогаш или нашите врски ќе опстанат и ќе станат многу пореални и поздрави или пак ќе се ослободиме од врските кои нереално сме ги одржувале во живот потиснувајќи го нашето вистинско јас. Во секој случај ќе излеземе како победници.

4. Посакувам да останев во контакт со моите пријатели
На сите пациенти им недостигале нивните пријатели за кои не наоѓале барем по малку време за да останат во контакт.
Со тек на време сè повеќе стануваме свесни колку материјалните работи се минливи и неважни. Она што е важно на крајот се љубовта и пријателствата. Не чекајте да го разберете ова кога ќе биде премногу доцна. Почнете со обновување на вашите пријателства уште сега.

5. Посакувам да си дозволев себеси да бидам посреќен/на
Многу луѓе не сфаќаат дека среќата е избор. Се губиме себеси во секојдневните обврски и се плашиме од промени. Не си дозволуваме да се опуштиме, да бидеме палави и да се смееме. Кога сме на смртната постела, што другите мислат за нас е толку далечно и неважно што не можеме да се помириме колку тоа влијаело на начинот на кој сме живееле. Колку би било убаво кога би можеле што порано да се ослободиме од таквите нереални окови и да можеме да бидеме среќни.

Животот е избор. Тоа е ТВОЈ живот. Избирај свесно, избирај мудро, избирај искрено. Избери среќа.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2781 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус