Здравје, Здрави навики

Едноставни здрави навики кои треба почесто да ги практицирате

08 февруари, 01:06

КОЈ ЗЕЛЕНЧУК И КОИ ЗАЧИНИ ДА ГИ УПОТРЕБУВАТЕ ВО ВАКВИ ЗИМСКИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ И КАКВИ ЕДНОСТАВНИ ЗДРАВИ И ПРАКТИЧНИ НАВИКИ ДА ПРАКТИЦИРАТЕ ПОЧЕСТО

Секое годишно време има свои особености кои налагаат и соодветно однесување чија цел е што полесно ИЛИ да се одминат или ако се случат здравствени потешкотии  да се излекуваат што побезболно.

Од совети и проверени и верифицирани упати никогаш не е доста, па затоа еве некои можеби познати, НЕ, сигурна сум познати, но можеби подзаборавени или недоволно ве убедиле тие што ви ги презентирале во нивната вистинска вредност.

Ако веќе се чувствувате лошо или сонцето кое еднаш грее, а веќе за неколку минути облаците го натежнале па не знаете дали треба да се облечете повеќе или да соблечете нешто од себе, ви советувам да погледнете што имате во вашата кујна, кои намирници, каква храна приготвувате или какви напитоци и зачини употребувате.

Најчесто лекот и превентивата ни е токму пред нос, но ние не ја гледаме. Лесно е, нема да ве чини многу, а ќе ви помогне во тоа сигурна сум и кога еднаш ќе видите, а вториот пат ќе се уверите дека тоа што ќе го направите навистина дејствува, тоа ќе ви стане вообичаена навики и во идните години, всушност ќе стане вашиот ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ.

Дознајте што е добро, изберете си комбинации на намирници (ако вашата фантазија е во дефицит тоа можете да го најдете во разни прирачници кои ќе ве едуцираат и ќе ви кажат што треба да правите - ПРАВИЛНА ИСХРАНА  УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ - од Весна Пирузева Петровска) и направете топла чорба или убав сок или чај..направете си убава масажа или бања...

За здравје па и за убавина, таа секако доаѓа како нуспојава од доброто здравје, не ви треба многу или не знам колку длабок џеб, НЕ, само добра волја и отворена мисла.

Моите совети до вас:


За зајакнување и затоплување зеленчук ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ: авокадо, цвекло, зелје, моркови, тикви, слатки компири, зелка, кромид, лук, грав, лиснат зелен зеленчук, карфиол .


ИЗБЕГНУВАЈТЕ домати, краставици и зелена салата лисната (тие се намирници кои спаѓаат во разладувачка храна за ладење во лето)


ПРАВЕТЕ си со масло од сусам дневна МАСАЖА, намачкајте ја сувата кожа со ова масло и не само што ќе ја хидрира вашата кожа  туку дејствува и смирувачки на нервниот систем. Тоа е богато со масни киселини за да ѝ помогне да сувата кожа да оживее правејќи ја мека и мазна.


ПИЈТЕ затоплувачки билни чаеви со зачини како ѓумбир, цимет и кардамон чај.


ЈАДЕТЕ ореви и семки (во ограничени количини) како бадеми, бразилски ореви, ореви, лешници, ленено семе и сусам. Овие ќе ви обезбедат потребни витамини и природни масла и ги обезбедуваат потребните хранливи материи за одржување на телото да е топло.


КОРИСТЕТЕ зачини како ким, кориандер, ѓумбир, анасон, цимет, црн бибер, куркума, семе од синап и кардамон да му помогнете на варењето на храната и да се елиминираат гасовите.


ИЗБЕГНУВАЈТЕ млеко, јајца и жито, особено ако почесто заболувате од  настинки и инфекции, да не ги употребувате често зошто спаѓаат во храна која создава секрет(мукози).


ЈАДЕТЕ ХРАНА БЕЗ ГЛУТЕН  како квиноа, јачмен, хељда, просо , зошто тие се полни со хранливи материи и допринесуваат за одржување на дигестивниот систем, особено во зимскиот период.


НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ РАФИНИРАНИ МАСЛА, а вклучете здрави масти како што се ладно цедено бадемово масло, кокосово масло, маслиново масло, масло од сусам и топен путер.


ЈАДЕТЕ ОВОШЈЕ богато со витамин Ц како портокали, лимони и мандарини кои ќе ви помогнат да се ослободите од токсините во телото.


ПРАВЕТЕ ТОПЛА БАЊА или бањи за нозе со миризлива сол еднаш дневно (со не премногу топла вода и не многу долго, бидејќи ова може да ја осиромашува вашата енергија).

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 2993 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус