Живеј квалитетно

Магијата на Божиќ

03 јануари, 05:07

Новогодишната елка светка и му дава посебна убавина на домот. Од некој агол се смешка Снешко или Дедо Мраз, ѕвончињата оживуваат со секое отворање на вратата. Мирисот на колачи ја исполнува собата, топлината на домот нуди удобност, а трпезата повикува на ручек со најмилите. 

Сепак, Божиќната магија не се состои од материјални нешта, од снешковци, ѕвончиња и колачи. Магијата на Божиќ е посебна, волшебна, вткаена во срцето, обвиткана со љубов и украсена со насмевки. Секој може да ја доживее и почувствува, доволно е само да го отвори срцето и за миг да заборави на грижите.

Божиќната магија значи надеж, радување, споделување насмевки...

Дури и најскромната трпеза може да биде вистинско уживање за оние кои знаат што е важно. Љубовта, драги мои, љубовта, верата и надежта се вистинските вредности во животот, двигатели кои секој момент го прават посебен и вреден за живеење. Побарајте ги во себе, пробудете ги и негувајте ги. 

Почувствувајте ја Божиќната магија, радувајте се, надевајте се...

На овој толку посебен ден, ви посакувам да ја доживеете целата радост на овој свет, да бидете дел од магијата, а љубов и светлина низ животот да ве води.

За многу години Божиќ, Христос се роди!

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4936 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус