Животен стил

Приказната на Стив Џобс сведочи дека сè се случува со причина

03 декември, 05:38

Во 2005, на Универзитетот Стендфорд, Стив Џобс одржа говор кој претставува една од најубавите рефлексии на животот.

Трите едноставни приказни од неговиот живот зборуваат за она што го доведе до успех и исполнување на неговите соништа.

Неговата приказна „Поврзување на точките” е сведоштво дека ништо не е случајно, сè се случува со некаква причина, па иако некоја животна ситуација во моментот можеби изгледа безначајна, во иднина може да ни го промени животот.

Поврзување на точките

„Го напуштив колеџот по само шест месеци, но останав уште 18 месеци додека сосема не се откажав од студирањето.
Напуштањето на колеџот е поврзано со приказната која започна уште пред да се родам. Мојата биолошка мајка беше многу млада, неомажена дипломирана студентка, па беше уверена дека нејзиното дете мора да студира. Затоа одлучи да ме даде на посвојување на еден адвокат. Кога се родив, адвокатот и неговата сопруга одлучија дека сакаат девојче и не ме посвоија.
Моите родители, кои беа на листата на чекање за посвојување, беа контактирани доцна во ноќта. Им кажале дека се родило момче на кое му треба семејство и тие со задоволство ме посвоија.
Кога мојата биолошка мајка дозна дека моите посвоители не се високо образовани (мојата мајка немаше завршено колеџ, а татко ми не завршил ни средно училиште), одби да ги потпише документите за посвојување. Прифати дури откако моите родители ѝ ветиле дека еден ден јас ќе одам на колеџ.
Седумнаесет години подоцна заминав на скап колеџ, но по шест месеци не можев да видам никакви придобивки од студирањето, не знаев што сакам од сопствениот живот, ни како колеџот ќе ми помогне да го откријам тоа.
Единствено бев свесен дека моите родители ќе ја потрошат целата своја заштеда за моите студии, па одлучив да се откажам. Престанав да ги посетувам задолжителните предавања кои не ме интересираа, а се појавував само на оние часови кои навистина го привлекуваа моето внимание.
Спиев на подот во собите на пријателите, собирав шишиња кои ги заменувал за пари за да се прехранам, а секојa недела пешачев 11 км. за да добијам пристоен бесплатен оброк.
Мојот колеџ нудеше најдобра настава по калиграфија во тоа време. Гледајќи ги постерите и налепниците низ кампусот, забележав колку се убаво напишани, ја забележав уметноста скриена во буквите, па се запишав на часови по калиграфија (убаво пишување), сакајќи и самиот да научам како да пишувам на тој начин.
Научив за фонтот Serif, за многуте износи на растојание меѓу различните комбинации на букви, за сè она што топографијата ја прави голема и значајна.
Топографијата беше убава, историска, уметнички суптилна на начин кој науката не може да го сфати и мене ми беше многу интересна.
Ништо од ова немаше надеж дека ќе има практична примена во мојот живот. Но, десет години подоцна, при дизајнирањето на првиот Macintosh компјутер, го применив знаењето од областа на топографијата и го внесив во дизајнот. Macintosh беше првиот компјутер со убава топографија и можност за користење на различни фонтови.
Поаѓајќи од фактот дека Windows го копираше Mac, ако не го напуштев колеџот и не запишев часови по калиграфија, и денес можеби ниеден компјутер немаше да има можност за прекрасна топографија.
Поврзувањето на точките не е можно доколку гледате само напред. Мора да верувате дека точките ќе најдат начин да се поврзат во иднина. Мора да верувате во нешто, во судбина, живот, карма, сеедно. Следењето на сопствената љубопитност и интуиција може да доведе до бесценети резултати. Овој мој пристап направи големи нешта во мојот живот и никогаш не ме разочара”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3328 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус