Животен стил
Зимница – печени пиперки во тегла
Рецептот е наменет за сите оние кои секоја есен ставаат печени пиперки во замрзнувач, во најлонски ќесички.
За да го избегнете мирисот кој пиперките го создаваат во замрзнувачот, а и да добиете на место доколку имате замрзнуваш со помал капацитет, печените пиперки може да ги подготвите во тегли.
Оние кои пробале велат дека вака подготвените пиперки се поприродни, па кога ќе ја отворите теглата вкусот е ист како да се штотуку печени.
Подготовката е многу едноставна. Испечените и излупени пиперки исчистете ги од семето и дршките, или само потсечете им ги дршките. Редете ги во тегли и повремено ставајте по малку сол. Полните тегли убаво затворете ги, ставете ги во поголемо тенџере со вода и варете ги 10 –на минути, откако ќе зоврие водата.
На овој начин се чуваат цела зима, па секогаш кога ќе посакате печени пиперки, само посегнете по теглата.
Додади коментар