Откритија

Гренланд се топи со огромна брзина

21 ноември, 10:51

Најновите информации за топењето на Гренланд се алармантни. Студијата на универзитетот Принстон покажа дека годишно се топат 200 милијарди тони мраз, а нивото на морето постојано расте.

Авторите на студијата користеле податоци од GRACE (Gravity Recovery and Climate Experiment), пар сателити кои ги следат гравитационите полиња на Земјата.

Податоците собрани во периодот од 2002 до 2011 се и повеќе од загрижувачки и покажуваат масивно топење со тенденција за пораст од околу 9 милијарди тони мраз годишно, а нивото на морето се зголемило за околу 2.3 милиметри годишно, во периодот од 2005 до 2010 година.

Топењето на мразот и зголемувањето на нивото на морето се последица од глобалното затоплување предизвикано од човекот кој со децении ја уништува природата. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1790 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус