Откритија

Климатските промени ќе ги активираат вулканите

04 јануари, 11:38

Според најновата студија од журналот Geology, климатските промени и брзиот пораст на морското ниво би можеле да предизвикаат зголемено активирање на вулканите.

Студијата известува дека климатските промени, екстремното топење на глечерите и зголемувањето на морското ниво негативно се одразува на вулканите и било причина за големите вулкански ерупции во минатото.

Досега беше познато дека вулканите влијаат врз климата, но најновите истражувања покажуваат и спротивен ефект, односно покажуваат дека и климата влијае врз вулканите.

Научниот тим предводен од Marion Jegen направи компјутерска симулација со цел да открие како климатските промени влијаат врз активноста на вулканите. Испитувањата покажаа дека топењето на глечерите го намалува притисокот врз Земјината кора, но од друга страна доаѓа до зголемување на притисокот врз дното на океаните како последица од зголемувањето на морското ниво. Ваквите разлики во притисокот врз Земјината кора предизвикуваат зголемена активност на вулканите.

Тимот истражувачи известува дека вулканската активност не се случува паралелно со климатските промени, односно постои еден доста долг период додека да започне активирањето на вулканите предизвикано од климата, па човештвото уште долги години нема да биде сведок на зголемени вулкански ерупции.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2077 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус