5 Јули

05 јули, 00:01

Во 1989 година е роден Шон О`Прај, американски машки модел роден во Грузија.

За прв пат е забележан на 17 годишна возраст кога ги објавил своите фотографии од матурската вечер на My Space. Од тој момент Шон О`Прај е дел од рекламите на најпознатите модни куќи: Келвин Клајн, Џорџо Армани, Версаче, Долче и Габана, Ралф Лорен, Марк Џејкобс, Емпорио Армани и многу други. На модните писти зачекори во модните колекции на Роберто Кавали, Луј Витон и Шанел. 

Во 2012-та беше дел од спотот на Мадона за музичкиот сингл „Girls gone wild“.

Според магазинот Forbes во 2009 година беше прогласен за најуспешен машки модел.

Негови најголеми атрибути се полните усни и сините очи.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1466 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус