Ајде да научиме нешто повеќе за слоновите

11 септември, 15:08

 

 

 

 

 

 

Слоновите се најголемите копнени животни кои живеат на планетата. Најголемиот жив слон пронајден во Ангола тежел околу 11.000 килограми со висина на рамената од 3.96 метри, што за еден метар бил повисок од просечниот машки африкански слон.


Денес во светот постојат само три видови слонови: Африкански слон, Африкански шумски слон и Азиски слон познат уште и како Индиски слон. Сите останати видови кои ги имало порано се изумрени.


Младото слонче кога се раѓа вообичаено тежи 120 килограми.


Слоновите живеат од 50 до 70 години, а најстариот слон живеел 82 години.


Сурлата на слоновите е толку многу нежна и чувствителна што може да скине и само една тревка, но исто така таа е и толку многу цврста што може да откине цела гранка од дрво.
Сурлата слоновите исто така ја користат и за пиење вода, а во неа собира околу 14 литри вода која ја префрлаат во устата. Со нејзина помош слоновите се капат но и си фрлаат кал по телото која им овозможува заштита од сончевите зраци.


Мозокот на слоновите е тежок 5 и повеќе килограми и токму слоновите се копнените животни кои имаат најголем мозок. Интелигенцијата, чувството за уметност, свесноста, сочувството и многу други особини им се припишуваат на слоновите, а исто така тие можат да почувствуваат тага и среќа.


Неодамнешни проучувања покажаа дека слоновите можат да комуницираат на големи растојанија со помош на произведување на „суб - сонични” звуци кои ги прават со стапалата и кои можат да патуваат многу побрзо низ земјата отколку низ воздухот. Слоновите за кои е наменета пораката истата ја добиваат преку осетливата кожа на стапалата.


Слоновите живеат во структурирани друштвени групи. Женките целиот живот го поминуваат во силни, затворени, фамилијарни групи заедно со сите останати женски слонови како мајки, ќерки, сестри и тетки и нив ги предводи најстарата слоница, а машките слонови живеат осаменички живот.  


Слоновите коски кои за жал се сѐ повеќе и повеќе барани, се дополнителна заштита на слоновите. Кај возрасните машки слонови тие растат по 18 сантиметри годишно и слоновите најчесто ги користат за копање во земјата за барање вода, храна, сол и корени, за преместување на стебла и гранки со што си го чистат патот пред себе и за обележување на стебла и обележување на територија.


Слоновите се прилично добри пливачи, но најдобро и најбрзо се движат по копно при што можат полека да се движат и брзо да одат што наликува на трчање.


Африканските слонови ги има во 37 земји во Африка. Од азиските слонови се разликуваат по големината на ушите. Африканскиот слон е многу поголем од азискиот слон. Кај азиските слонови само мажјаците имаат слонови коски, а кај африканските слонови имаат и мажјаците и женките.


Слоновите јадат тревки и лековити растенија и дневно поминуваат скоро 16 часа во јадење. Јадат листови, кора и плодови од дрвјата и грмушките а исто така јадат и многу видови на трева и лековити тревки.


Како најинтелигентни копнени животни слоновите имаат способност за неверојатно памтење, така што способни се нешто да запомнат до крајот на нивниот живот.


Денес на територијата на Африка и Азија постојат од околу 450.000 до 700.000 Африкански слонови и околу 35.000 до 40.000 Азиски слонови.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3106 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус