Животен стил, Живеј квалитетно

Впечатоци од акцијата за чиста и здрава околина

11 јануари, 07:21

Заедно до поубав свет, со поддршка од Мој Портал организираше акција за Битолчани со цел да се подигне свеста за значењето на здравата и чиста околина.

Акцијата беше во работен ден и не беше навремено најавена преку социјалните мрежи па бевме во мал број, но тоа не нè обесхрабри во магливото утро да тргнеме во реализирање на својата цел.

Акцијата започна како утринска прошетка над селото Лавци. На патот за Неолица маглата за миг ја снема, а глетката беше навистина прекрасна – сонце кое не сме го виделе подолго време!

Битола не се гледаше, маглата целосно ја беше завила, но затоа групата уживаше во свежината на утрото збогатено со сончевите зраци.


Поглед кон Битола обвиена во магла

На враќање успеавме да собереме дел од отпадоците кои никако не можам да разберам зошто луѓето ги оставаат зад себе.

Ова е прва од низата акции кои Заедно до поубав свет и Мој Портал ќе ги организираат за Битолчани.

Целта е да се поттикнат граѓаните низ цела Македонија да организираат вакви акции кои воедно ќе претставуваат и одлична можност да се излезе на свеж воздух, да се пешачи и другарува, а позитивните резултати ќе ги почувствуваат сите оние кои ќе се придружат, и секако природата која сè повеќе ја уништуваме со нашето несовесно однесување.

Ве покануваме, ве повикуваме и предизвикуваме – придружете ни се во нашата едноставна мисија, заедно до поубав свет за сите нас!

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2502 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус