Филм

„The east“

16 јуни, 07:13

Сара како агент на ФБА ќе биде инфилтрирана во редовите на една анархистичка група. За оваа задача таа го променува својот стил на однесување и облекување, од успешна агентка се трансформира во луда тинејџерка. „The east“ е самата анархистичка група која живее во шумата и се одмаздува на оние кои ја уништуваат природата. Тие го земаат законот во свои раце и ги убиваат оние кои работат против неа. Кога се дел од цивилизацијата наликуваат на нормални луѓе и лесно го менуваат својот стил за да не бидат забележани на настаните каде присуствуваат.  

„The east“ е американски трилер кој својата премиера во кината ширум светот ја имаше на 31 мај оваа година. Според досегашните критики „The east“ убедливо е еден од најдобрите филмови за 2013-та година. Филмот е во режија на Зал Батмањи со Брит Марлинг, Александар Скарсгаард и Елен Паг во главните улоги. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1922 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус