Филм

The Impossible – приказна за цунамито во Тајланд

07 февруари, 07:34

Како би се чувствувале да ги одведете своите сакани на одмор, од кој никогаш не би се вратиле?

За жал оваа судбина ја делат стотици семејства кои во 2004 година се одлучија за Божик да одат на одмор во Тајланд.

За овој настан, сликата, тагата, битката за живот говори семејството на Марија Белон кое успеа да се врати дома.

Додека уживаа во базенот од хотелот, ненадејно наодаѓа силен ветер, пропратен со високи бранови. Потребни беа само неколку минути да се уништат стотици животи, стотици желби и соништа. Цунамито со себе за секогаш ги повлече телата на децата, жените, мажите кои се забавуваа покрај брегот.

Марија Бенет тешко ќе се повреди обидувајќи се да го спаси најстариот син, кој подцна ќе и помогне да се засолнат. Далеку од нив, нивните две помали деца ќе ги спасат другите преживеани, а Хенри, нејзинот сопруг, и покрај поврдите нема да престане да го бара своето семество.

Повеќе ништо нема да биде исто за оние кои преживеаа.

Филмот е во режија на Хуан Антонио Бајона, во главните улоги настапуваат Наоми Ватс и Еван Мекгрегор.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1345 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус