Прекрасни фотографии на најмалите
Кога ќе се спојат креативноста, љубовта и умешноста, се добиваат прекрасни фотографии кои мамат насмевка.
Професионалец или не, фотографот може да создаде вистински ремек дела, само доколку посвети доволно внимание и љубов.
Фотографиите кои ги издвоивме се направени од професионалци, но и аматери – родители кои сакале да создадат нешто што ќе остане како траен спомен за нивните деца.
Уживајте!
Фотографии на Карен В. – професионален фотограф. За да ги направи овие слатки фотки, Карен има посебен метод на заспивање на бебињата – им пушта музика и нежно ги допира во пределот над очите. Откако ќе заспијат, Карен ги поставува во саканата положба и резултатот се фотографиите кои следат.
Фотографии на Квини Лиао – аматер, мајка која навистина се потрудила да создаде спомени за нејзиното синче. Додека бебето спие, Лиао го опкружува со најразлични предмети, сакајќи да ги прикаже соништата на малото синче. Потоа компјутерски ги дообработува фотографиите. Резултатот е фантастичен, рамен на професионални фотографии.
Фотографии на Емил Нистром - професионален фотограф. Иако се направени со компјутерска обработка, фотографиите на 12 месечната ќерка на фотографот се навистина креативни.
Фотографии на Бил Гекас – самоук фотограф. На фотографиите е неговата 5 годишна ќерка со чија помош направил фотографии на кои се претставени дел од прочуените слики на Рембрант, Рафаел и уште неколкумина славни сликари.
Додади коментар